октомври 21, 2024

Бомба фрлена во штабот на Партијата за целосна еманципација на Ромите

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски објави дека во нивниот партиски клуб на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово била фрлена експлозивна направа, која предизвикала материјална штета. Немало информации за повредени луѓе. Од Партијата најостро го осудија овој чин на нетолеранција и непочит кон нив и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикаа надлежните институции да го истражат случајот и навремено да постапат.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – претпоставена разлика во етничката припадност на сторителите
  2. Политичка припадност – нападнат е штабот на Политичката партија за целосна еманципација на Ромите
  3. Модел на претходни инциденти – Ромите се честопати жртва на дискриминација и дела од омраза, покрај тоа што се соочуваат и со системска дискриминација
  4. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Бомба фрлена во штабот на Партијата за целосна еманципација на Ромите image

Основа

Раса Боја на кожа Етничка припадност Политичка припадност