ноември 25, 2016

Оштетен уште еден билборд на ДУИ во Куманово (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Непознат сторител извршил оштетување на билборд на кој бил поставен
материјал на ДУИ на улицата „ЈНА“ во Куманово.

Датум, време и место на инцидентот: 25 ноември, околу 12:30 часот, ул.ЈНА, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Kumanovonews.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ) Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетен објект – на билбордот бил поставен материјал од политичката партија ДУИ;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Адреса
ул.ЈНА, Куманово
Име на Локација
ул.ЈНА, Куманово

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Не направија ништо
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Оштетен уште еден билборд на ДУИ во Куманово (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Политичка припадност