јули 16, 2015

3.000 евра украдени од мигранти (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Четворица Ирачани биле пресретнати со возило во кое имало три лица.
Сторителите ги ограбиле жртвите заканувајќи се со огнено оружје и им одзеле околу 3.000 евра.

Датум, време и место на инцидентот: 16 јули, 03:45 часот, село Негорци.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Четворица Ирачани.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од тројца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (ирачки мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
непознат сторител за кривичното дело „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
село Негорци
Име на Локација
село Негорци

Број на жртви
4
Број на сторители
3
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
3.000 евра украдени од мигранти (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Националност Етничка припадност