август 16, 2018

18 годишно момче нападнато на Рекорд во 5-ка ЈСП

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 16.08.2018 година во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(18) од
Скопје пријавил дека во истиот ден во 00.35 часот на автобуска постојка на ул. „Димитрије Чуповски»,
при качување во автобус број 5 на ЈСП, бил физички нападнат од страна на две непознати лица. Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: На 16.08.2018 година во 12,40 часот, на на автобуска постојка
на ул. „Димитрије Чуповски», автобус бр. 5, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: младо машко лице (18).
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: две непознати лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во нападнатиот автобус бр. 5 на ЈСП сообраќа во реон каде
живеат и се движат луѓе од различно етничко потекло (македонци и албанци);
2. Модел на претходни инциденти – како и сите претходни каменувања и напади на автобуси или
напади во автобуси на јавен превоз
3. Место – Инцидентот се случил на авотбуска станица и улица каде и претходно имало вакви и
слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, известуваат дека работат на
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на луѓето во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (јавен превоз,
населби во кои живеат и се движат, јавни простори автобуски постојки).

Адреса
Ул. „Димитрија Чуповски“
Име на Локација
автобус бр. 5

Број на жртви
1
Број на сторители
2
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
18 годишно момче нападнато на Рекорд во 5-ка ЈСП image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност