Што се случило: На 13.11.2018 година во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.Р.(47) од СКопје пријавил дека
истиот ден околу 19.30 часот во близина на угостителски објект на улица „Втора македонска бригада“
неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 13.11.2018 година околу 19.30 часот во близина на угостителски
објект на улица „Втора македонска бригада“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно малолетно 17 годишно дете.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: двајца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица во овој дел од градот се регистрирани
и претходно
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен
на министерството, односно дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.