Што се случило: Седумнаесетгодишно момче било физички нападнато во автобус бр.9, кој
сообраќал на релација од Топанско Поле до Бит Пазар, од страна на неколку непознати лица,
при што се здобил со телесни повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 3 Април, околу 13:45 часот, автобус бр.9
Извор на информации: Електронски медиум МКД.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Непозната група млади луѓе.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус бр.9 кој
транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички состав;
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност
Статус на случајот: Затворен.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од извршените про-
верки во евиденциите на СВР Скопје, било констатирано дека оштетеното лице се откажало од
пријавата за извршен физички напад, за што била сочинета службена белешка од ПС ОН Бит
Пазар за добиена информација преку непосреден разговор со граѓанин.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.