Што се случило: На 07.07.2020 во 22.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден 16 – годишник од Скопје, кој, според пријавеното, околу 22.10 часот на фонтана во парк во населба Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Модел на претходни инциденти – напади врз млади лица на улица, блиску училиште, во автобус
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.