Што се случило: На 04.06.2019 година во 05,40 часот во СВР Скопје В.М.(43) од Скопје пријавил дека околу
03,30 часот на улицата „Трета Македонска бригада“, три лица физички го нападнале неговиот 16- годишен син.
Се работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 04.06.2019 година околу 03,30 часот на улицата „Трета Македонска
бригада
Извор на информации: дневен билтен на МВР,
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: три (3) сторители неидентификувани.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и сторителите се од различна етничка заедница.
2. Локација- и претходно во овој дел на градот се случувале вакви инциденти, бидејќи има две средни
училишта во кои учат деца од различно етничко потекло.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: МВР го квалификува како разбојништво во обид. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.