Што се случило: На 17.05.2019 година околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Венјамин
Манџуковски“ (стар Аеродром) двајца 15-годишници од село Арачиново и село Сингелиќ биле физички нападнати
од неколку лица на возраст од околу 18 години. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.05.2019
година во 03.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А. (41) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на
17.05.019 година околу 17.00 часот на бул.„Трета Македонска Бригада“ неговиот малолетен син и тројца негови
другари биле физички нападнати од две непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 17.05.2019 година околу 17.00 часот на ул.„Венјамин Манџуковски“ (стар
Аеродром)
Извор на информации: дневен билтен на МВР,skopje1.mk; makfax.com.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: пет (5) познати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил на место каде живеат етнички чисти заедници, а нападнатите се од друга
етничка заедница.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.