Што се случило: На 26.05.2020 во 18.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Табановце имало лице кое лежи покрај патот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лице мигрант од Авганистан на возраст од околу 15 години, кој имал повреди на ногата. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била констатирана прострелна рана во десна потколеница и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е статусот на мигрант, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
- Локација – место каде што поминува нерегуларната рута низ која што се движат мигранти и каде што честопати се случуваат инциденти поради нивниот статус на мигрант.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу припадниците на разлзични религии во општеството.