март 12, 2019

14 годишен малолетник нападнат од 4 врсници

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 12.03.2019 во 11.30 часот во СВР Скопје, Ќ.Ф.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу
10.00 часот на улица „Московска“ неговиот 14 годишен син бил физички нападнат од четири лица меѓу кои
било и лицето И.Н.(17) од Скопје. Исто така, на 12.03.2019 година во 17.30 часот И.Н.(17) пријавил дека истиот
ден околу 10.00 часот на улица „Московска“ бил физички нападнат од Ќ.Ф.(47). Се преземаат мерки за целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 12.03.2019 околу 10.00 часот на улица Московска, Тафталиџе.
Извор на информации: дневен билтен на МВР, press24.mk, republika.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: четири (4)малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – настанот се случил во населба каде живее мешано етничко население и каде постои
нетрпеливост помеѓу етничките заедници
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Московска, Скопје 1000, Северна Македонија
Име на Локација
Московска, Скопје 1000, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
4
Поврзаност со друг инцидент
https://sitel.com.mk/tri-incidenti-na-ulica-moskovska-vo-taftalidzhe-istepani-maloletnici-policijata-gi-istrazhuva
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Име на Локација
Улица
14 годишен малолетник нападнат од 4 врсници image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Етничка припадност