Што се случило: Еден од штабовите на СДСМ во Општина Аеродром бил измачкан со измет.
Датум, време и место на инцидентот: 25 септември, 01:45 часот, партиски штаб на СДСМ во
Општина Аеродром, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ).
Сторители: Непознат сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
3. Целна локација – целна локација е штабот на политичка партија
Статус на случајот: Не е регистриран.
Одговор на локалните власти: МВР во одговорот на Барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати во врска со овој инцидент наведе дека посочениот настан не бил пријавен во
Секторот за внатрешни работи Скопје.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент има негативни финансиски импликации за
политичката партија и предизвикува безбедносна загриженост во заедниците во кои таа делува.