Што се случило: По фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Скопје, 10 членови на
навивачкиот клуб Шверцери (ФК Шкупи) нападнале навивачи на ФК Скопје. Кога полицијата се
обидела да приведе еден член на НК Шверцери, тие биле спречени од друг.
Датум, време и место на инцидентот: 28 јануари, 18:00 часот, стадион Металург, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Непознат број навивачи на ФК Скопје.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Спречување службено лице во вршење
службено дејствие“ (член 382, КЗ на РМ).
Сторители: Група од десет членови на НК Шверцери.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – членовите на НК Шверцери се Албанци, додека навивачите на
ФК Скопје се претежно Македонци;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи/
поддржувачи имаат различно етничко потекло, по промена на присуство на малцинството во таа
област (албански навивачи во населба населена претежно со Македонци);
3. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
4. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени кривични пријави.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека против двајца сторители се поднесени
кривични пријави за кривично дело „Насилство“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот помеѓу
двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни на фудбалски натпревари.