Што се случило: По фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Шкупи и ФК Вардар, дваесетина членови
на навивачкиот клуб Комити (ФК Вардар) нападнале група луѓе на плоштадот “Македонија”, откако
рекле дека плоштадот не е место за Албанци, нанесувајќи им тешки повреди на жртвите.
Датум, време и место на инцидентот: 9 август, 21:00 часот, плоштадот “Македонија”, Скопје.
Извор на информации: Медиум Алсат-М.
Инволвирани жртви: Десетина Албанци, вклучувајќи и жени.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Тешка телесна повреда“ (член 131, КЗ на
РМ).
Сторители: Дваесетина членови на НК Комити.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил за време на
спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните
индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – членовите на НК Комити се Македонци, додека жртвите се
Албанци;
2. Време – инцидентот се случил по фудбалски натпревар помеѓу клубовите чии навивачи/
поддржувачи имаат различно етничко потекло;
3. Коментари на местото на настанот – за време на инцидентот, сторителите рекле дека
плоштадот “Македонија” не е место за Албанци;
4. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
5. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени кривични пријави против двајца сторители.
Одговор на локалните власти: МВР соопшти преку медиумите дека поднеле кривични пријави
против двајца осомничени за кривичното дело „Насилство“. Одговарајќи на барање за инфор ма-
ции од јавен карактер, Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат
неопходни мерки за целосно расветлување на овој случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата и безбедноста на луѓето присутни или во близина на
спортски натпревари.