јануари 21, 2015

Четворица Сиријци нападнати и ограбени близу Градско (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: На патот Градско–Велес, во близина на местото Венуле, неколкумина непознати
сторители нападнале и ограбиле четворица Сиријци одземајќи им ги парите, мобилните телефони
и сириските пасоши.

Датум, време и место на инцидентот: 21 јануари, 16:30 часот, на патот Градско–Велес, во близина
на местото Венуле.
Извор на информации: Електронски медиум Република.
Инволвирани жртви: Четворица Сиријци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од неколку сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигранти) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;

Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Сепак, тие известија преку медиумите дека преземаат неопходни мерки за расветлување на овој
случај.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
пат Градско–Велес
Име на Локација
во близина на местото Венуле

Број на жртви
4
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Четворица Сиријци нападнати и ограбени близу Градско (потврдено) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните
Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност