ноември 4, 2014

Четворица повредени во тепачка во автобус од јавен градски превоз, линија бр. 64-а (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Според очевидците, во автобусот од јавен градски превоз бр. 64-а, група од околу
петнаесет момчиња и девојчиња Албанци, нападнале три момчиња Македонци, претепувајќи ги со
ремените. Четворица малолетници се пожалиле дека претрпеле повреди. Очевидците изјавиле
дека групата Албански малолетници веќе подолго време ги тероризирала патниците. МВР изјави
дека двете групи започнале тепачка.

Датум, време и место на инцидентот: 4 ноември, 14:20 часот, јавен градки автобус бр. 64-а, бул
„Партизански одреди“, Скопје.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „прес24.мк“, Дневниот билтен на МВР.
Вклучена(и) жртва(и): Тројца или четворица малолетници. Тројца од нив се Македонци.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386), Телесна повреда
(Чл.130), Загрозување на сигурноста (Чл.144).
Сторител(и): Група од околу петнаесет млади (15-20-годишни) Албанци.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничкото потекло, државјанство или јазик, додека индикатори на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – Според очевидците, етничкото
потекло на сторителите се разликувало од она жртвата.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека се поднесени барања за поведување
прекршочна постапка против девет лица на возраст од 15-19 години.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.

Адреса
бул „Партизански одреди“, Скопје
Име на Локација
јавен градки автобус бр. 64-а

Број на жртви
4
Број на сторители
15
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Четворица повредени во тепачка во автобус од јавен градски превоз, линија бр. 64-а (верифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против слободите и правата
Криминална закана
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност