Што се случило: Четворица геј мажи (од кои двајца малолетници) биле нападнати со камења
од страна на две момчиња од албанска етничка припадност. Во текот на нападот, сторителите
извикувале хомофобични навреди на албански.
Датум, време и место на инцидентот:. 3-5 ноември (точниот датум е непознат), 12:00 часот, во
близина на Природно-математичкиот Факултетот, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и): Четворица геј мажи (од кои двајца се малолетни).
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Двајца непознати сторители, албанци од машки пол.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во
овој инцидент се сексуалната ориентација и сексуалниот идентитет, додека индикатори на
пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата смета дека инцидентот е злосторство од омраза.
2. Природа на насилството– Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непријавен (по избор на жртвата).
Одговор на надлежните власти: Н/Д.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедноста состојба на сексуалните малцинства во земјата.