мај 21, 2019

Физички напад во Ѓорче Петров

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 21.05.2019 година околу 22.25 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(26) од
Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на улица „Лука Геров“ бил физички нападнат од лицата С.Р.
(18), Х.Х. (15) и С.С. (18), сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 од ЗППЈРМ.

Датум, време и место на инцидентот: 21.05.2019 година околу околу 22.00 часот на улица „Лука Геров“ Ѓорче
Петров
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) идентификувани сторители, еден (1) малолетен сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – ицидентот се случил во дел од градот каде живее мешано етничко население и каде често
се случуваат вакви инциденти

Статус на случајот: прекршок по член 12 од ЗППЈРМ
Одговор на локалните власти: Случајот во МВР е регистриран како прекршок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
улица „Лука Геров“ Ѓорче Петров
Име на Локација
улица „Лука Геров“ Ѓорче Петров

Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физички напад во Ѓорче Петров image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност