Што се случило: Стевчо Јакимовски движејќи се во близина на Католичката црква во Скопје, со уште
двајца свои пријатели, наводно бил наоаднат од советник во кабидентот на премиерот. Случајот е
пријавен во полициска станица и во тек е негово расчистување. Споменатиот Ф.А. негира дека имало
физичка пресметка, според него имало само вербална расправија. Јакимовски тврди дека наводно
во полициската станица Карпош не сакале да му ја примат пријавата за овој случај, додека пак Ф.А.
изјавува дека така му било кажано оти требало да го пријави случајот во П.С. Центар.
Датум, време и место на инцидентот: 20 март, 11:00 часот, во близина на Католичката црква во Скопје.
Извор на информации: електронски медиум Нетпресс.цом.мк
Инволвирани жртви: Стевчо Јакомовски
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ) , Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: Ф.А. од Скопје
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичката припадност на жртвата и строителот, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, случајот е заведен само како
поплака.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба и политичката стабилност во земјата.