Што се случило: Повеќе непознати лица на возраст од 15 до 18 години физички нападнале
петнаесетгодишно момче во автобус на ЈСП бр. 65 кој сообраќал од село Стајковци до Транспортен
Центар-Скопје. Имено, во село Сингелиќ, во автобусот влегле повеќе непознати лица кои откако
се качиле на горниот кат најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари.
Момчето се здобило со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била
укажана лекарска помош.
Датум, време и место на инцидентот: 15 декември, 13:20 часот, автобус на ЈСП бр. 65.
Извор на информации: Електронски медиум Вести.мк.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од повеќе непознати лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1.Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус кој транзитира
низ области населени од луѓе со мешан етнички состав
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е уште еден од низата напади во автобусот на
ЈСП бр.65
3. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на Секторот за
внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје било поднесено писмено
Известување во врска со кривично дело „Насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од КЗ. .
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.