Што се случило: На 11.06.2018година во 03.20часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.Д.(43) од
Скопје пријавил дека на 10.06.2018 околу 23.30 часот, додека се движел по улица „Методија Митевски“,
физички бил нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите
и за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 10.06.2018 околу 23.30 часот, додека се движел по улица „Методија
Митевски“ Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на граѓани на улица, автобуска постојка
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат). Особено несоодветниот одговор од страна
на државта, со тоа што го квалификува како прекршок наместо како кривично дело Насилство.