Што се случило: На 02.06.2018 година, нешто после полноќ, во автобус на ЈСП бр.57, бил физички
нападнат млад човек (21)од страна на повеќе лица.Откако другите патници почнале да викаат на глас
напаѓачите се симнале од автобусот и избегале.
Датум, време и место на инцидентот: 02 јуни, после полноќ, улицата „Цветан Димов“ автобус бр57 во
Скопје.
Извор на информации: електронски медиум судство.мк.
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: група непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади во автобуски линии кои сообраќаат во реони каде има
мешано етничко население.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).