Што се случило: На 16.10.2018 година во 22.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ф.А.Љ.(19)
од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на улица „Црногорска“ физички бил нападнат од
три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 16.10.2018 година околу 22.00 часот на улица „Црногорска“
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: една жртва на 19 годишна возраст.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: тројца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на млади лица во овој дел од градот се регистрирани и
претходно
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен на
министерството, односно дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.