Што се случило: На 31.10.2018 година во Полициска станица Гази Баба Д.П.(38) и Д.Н.(39) двајцата
од Скопје пријавиле дека околу 09,10 часот нивните деца на возраст од 15 години од страна на три
непознати лица биле физички нападнати во кругот на средното училиште «Боро Петрушевски». Се
преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 31.10.2018 година околу 09,10 часот во кругот на средното
училиште АСУЦ «Боро Петрушевски»
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две 15 годишни деца
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе од 3 непознати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во ова училиште учат деца од различна етничка структура;
2. Модел на претходни инциденти – конфликтни ситуации и судири помеѓу млади лица од различна
етничка припадност
3. Локација- инцидентот се случил во кругот на средното училиште АСУЦ «Боро Петрушевски» каде
што и претходно се регистрирани вакви инциденти помеѓу учениците и други млади лица.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).