Што се случило: На 14.04.2018 година во 19,07 часот во Единицата за информирање и команда Скопје,
пријавено е дека во Ургентен центар Скопје донесени биле турските државјани Е.И. (24) и С.Ј. (26) со
привремен престој во Скопје, кои според нивно кажување биле физички нападнати од страна на неколку
непознати лица во близина на Гимназијата „Ј.Б.Тито“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 14.04.2018 година во 19,07 часот, во близина на Гимназијата
„Ј.Б.Тито“, Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: двајца странски државјани.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ на РСМ)
Сторители: поголема група непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е статус на
бегалци или мигранти а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставен статус на бегалци или мигранти – жртвите се странски државјани од турско
етничко потекло
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, овој инцидент е заведен како
кривично дело тешка телесна повреда по член 131 од КЗ и до ОЈО е доставена пријава против непознат
сторител. МВР работи на расчистување на кривичното дело.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и безбедноста на бегалците и мигрантите.