Што се случило: На 23.05.2019 во 18.00 часот Ф.С.А (32) од Скопје, пријавил дека на 22.05.2019 год во 15.00
часот во ОУ ,,Наум Наумовски Борче,, од страна на друг ученик физички била нападната неговата ќерка. Се
работи на расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: на 22.05.2019 год во 15.00 часот во ОУ ,,Наум Наумовски Борче, нас.
Маџари
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) малолетен сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, и род, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Род-нападнато е девојче од нејзин соученик
3. Локација – настанот се случил во училиште во кое учат деца од различно етничко потекло, поточно Роми
и Македонци.
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: констатиран прекршок по чл.34 од ЗППЈРМ
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.