Што се случило: На 01.03.2020 во 20.45 часот било пријавено дека во трговски центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(20), Б.Х.(20) и Ф.П.(21), сите од Скопје, од една страна и Е.М.(21), Е.М.(24) и А.И.(24), сите од с.Долно Свиларе, Сарај, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.
Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство