август 1, 2020

Физичка пресметка за време на државниот празник „Илинден“

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: На 01.08.2020 во 02.05 часот во Полициска станица Крушево било пријавено дека на место викано „Гумење“ во Крушево дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.К.(33) од Крушево од една страна, и Х.Ј.(18), Ј.Ѓ.(22), А.Н.(19), Б.Ј.(41) и 16 годишен малолетник сите од Скопје (биле дел од групата која дошла со коњицата од скопско Лисиче) од другата страна, при што заради спречување на физичката пресметка, полициски службеник од Полициска станица Крушево од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум. Полициски службеници од Полициска станица Крушево излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е политичка припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Политичка припадност– жртвата и напаѓачите биле симпатизери на различни политички партии
  2. Време на сторување на инцидентот – Индицетот се случил за време на државен празник.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна и политичка состојба во земјата.


Број на жртви
1
Број на сторители
5
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство
Физичка пресметка за време на државниот празник „Илинден“ image