Што се случило: Едно 17-годишно лице, додека се возело со двајца негови другари во комбе
на релација Куманово-Скопје, на бул. „3-та Македонска Бригада“, во Скопје во близина на СУГС
„Марија Кири Склодовска“, било физички нападнато од шест непознати лица, најверојатно ученици кои патувале во истото комбе и откако го прашале нешто, го удриле со тупаница во
пределот на главата, по што истиот паднал. Според информациите пренесени во медиумите, а
согласно кажувањата на жртвата и неговиот татко, најпрвин му пришло едно од лицата, а потоа му
се придружиле и другите лица кои му се заканувале велејќи му да не доаѓа повеќе во училиштето,
по што и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и
телото. Во близина на СУГС „Димитар Влахов“ малолетникот се симнал и настанот го пријавил
на полициски службеници. Од физичкиот напад лицето се здобило со повреди во пределот на
главата и телото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 22 март, 13:30 часот, во патничко комбе на релација
Куманово-Скопје.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи, Електронски
медиум ТВ 21.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Загрозување на
сигурноста (Член 144, КЗ)
Сторители: Група од 3-6 лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците кои учат во
наведеното училиште, можно е сторителите и жртвата да имаат различно етничко потекло
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против три лица за постоење основи на сомнение
за извршено кривично дело „Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека по преземените мерки
и активности, од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје е доставена
кривична пријава (КУ бр. 2993/17) против три лица за постоење основи на сомнение за извршено
кривично дело „Насилство“ согласно чл.386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.