Што се случило: Непознати сторители нападнале тројца млади луѓе од селото Арачиново и еден
од Скопје нанесувајќи им убоди со нож. Сите четворица се однесени во болница каде едната
жртва е дијагностицирана со тешки телесни повреди, а другите три жртви со полесни повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 26 јануари, 18:30 часот, трговски центар Мавровка, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Плусинфо.
Инволвирани жртви: Двајца 18-годишни и еден 23-годишен маж од Арачиново, и еден 21-годишен
маж од Скопје.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Загрозување со опасно орудие при
тепачка или караница„ (член 133, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ), „Тешка
телесна повреда“ (член 131, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од тројца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – инцидентот се случил во област каде се случиле повеќе
инциденти или насилни напади на злосторства од омраза во 2013 и 2014 година;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти:Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер, Министер-
ството за внатрешни работи (МВР) одговори дека случајот е регистриран како „Насилство“ (член
386, КЗ на РМ). Сепак, кога случајот беше расветлен, МВР поднесе осум кривични пријави за
сторено кривично дело „Учество во тепачка“ (член 132, КЗ на РМ). Ова значи дека кривичните
пријави се поднесени и против жртвите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.