Што се случило: СВР Куманово поднесе кривична пријава против тројца малолетници на возраст од 15, 16 и 17
години од кумановските села Умин Дол и Љубодраг поради постоење основи на сомнение за сторено кривично
дело „Насилство”. На 11.12.2018 година на ул.„Доне Божинов” пријавените физички нападнале 17-годишник од
Куманово, при што му нанеле повреди во пределот на главата.
Датум, време и место на инцидентот: 11.12.2018 година на ул.„Доне Божинов” Куманово
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) идентификувани малолетни сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – ицидентот се случил во дел од градот каде живее мешано етничко население и каде често
се случуваат вакви инциденти
Статус на случајот: кривична пријава
Одговор на локалните власти: Поднесена е кривична пријава против сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се
одразуваат на развојот и безбедноста на децата.