Што се случило: На 19.01.2019 година во 19.15 часот било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу“
во Скопје С.Ф.(20) физички нападнал двајца малолетници. С.Ф. е приведен во полициска станица и против него
е поднесен соодветен поднесок.
Од страна на ПСОН Центар на лицето му е издаден записник за констатирани прекршоци по чл.10 и 12 од
ЗППЈРМ и записник за констатиран прекршок по чл.10 од Законот за лични карти.
Датум, време и место на инцидентот: 19.01.2019 година во 19.15 часот бул.„Кузман Јосифовски Питу“ ,Скопје.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: две (2) малолетни жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) идентификуван сторител С.Ф. (20).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло– жртвите и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локацијата – ова е локација во Центарот на Градот Скопје во близина на Транспортниот центар и
Веро Центар каде има многу автобуски постојки за локален превоз и каде се вкрстуваат многу линии
кои поврзуваат делови на градот населени со различни етнички заедници, а со тоа е и место каде се
мешаат многу лица со различно етничко потекло.
Статус на случајот: против сторителот е поднесен соодветен поднесок
Одговор на локалните власти: Нема потврда за индикаторите од МВР за овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.