Што се случило: На 28.03.2019 околу 19.50 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи
Тетово на улица „Тодор Циповски – Мерџан“ во Тетово го лишиле од слобода Ж.Г. (46) од село Брвеница,
тетовско, кој истиот ден околу 15.00 часот на социјална мрежа објавил видео клип со заканувачка содржина.
Ж.Г. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде
поднесена соодветна пријава.
Датум, време и место на инцидентот: 28.03.2019 околу 19.50 часот на Facebook, Тетово.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: нема
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) сторител
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Начин на сторување на делото – преку социјалните мрежи многу често се пуштаат пораки со заканувачка
содржина
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: На 01.04.2019 до ОЈО Тетово поднесена е кривична пријава против Ж.Г (46) од
с. Брвеница – Тетово за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од чл.144 од КЗ. Кривичното дело
е квалификувано како кривично дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.