Што се случило: Во училишниот двор, еден ученик нападнал друг, по што жртвата се обидела
да возврати со метална шипка. Тој бил спречен во својата намера од страна на училишното
обезбедување.
Датум, време и место на инцидентот: 21 јануари, во 13:30 часот во дворот на средното училиште
„Здравко Цветковски“ во Скопје.
Извор на информацијата: Регионалниот медиум „Скај“.
Вклучена(и) жртва(и): Еден средношколец.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, чл. 130 КЗРМ
Сторител(и): Друг средношколец.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничко потекло, државјанство или јазик, а индикаторите за пристрасност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата врз основа на етничка припадност – Поради
мешаното етничко потекло на учениците што го посетуваат ова училиште, етничката припадност
на жртвата може да биде различна од онаа на сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност, пред останатите ученици.
3. Немање други мотиви.
Статус на случајот: Поднесени се прекршочни пријави.
Одговор на надлежните власти:. Министерството за внатрешни работи преку „„Одговор на
барање““ за информации од јавен карактер испратени од страна на Комитетот изјави дека
двајцата вклучени во инцидентот се товарат со прекршочни тужби, во согласност со Законот за
прекршоците против јавниот ред и мир, вклучувајќи ја и жртвата. Сепак, не се доби одговор во
однос на индикациите за можниот мотив за кривичното дело.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците од една, и Албанците од друга
страна, како и безбедноста на учениците во училишната средина воопшто.