Што се случило: Неколку ученици започнале тепачка во скопското средно училиште „Зеф Љуш
Марку“. Неопходна била полициска интервенција за да се запре тепачката.
Датум, време и место на инцидентот: 7 ноември, 18:00 часот, скопско средно училиште „Зеф Љуш
Марку“.
Извор на информацијата: Локалниот електронски медиум „плусинфо.мк“ (plusinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Неколку средношколци со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Учество во тепачка (Чл.132), Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Неколку средношколци со непознато етничко потекло.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Во овој инцидент, мотивот на
пристрасност е етничкото потекло, државјанството или јазикот, додека индикаторите на
пристраност се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка основа – Поради мешатниот
етнички состав на училиштето што го посетуваат учениците, етничката припадност на жртвата
можно е да се разликува од онаа на сторителите.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање за
информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека се поднесени барања за поведување
прекршочна постапка против седум лица на возраст од 16-18 години.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.