октомври 9, 2018

Тепачка на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 09.10.2018 година во 11.08 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било
пријавено дека на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“ на улица „Благоја Стефковски“ имало
тепачка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека група
од пет до шест ученици од училишптето физички го нападнале Н.С.(18) од Скопје, исто така, ученик
во училиштето. Еден од напаѓачите бил затекнат на местото. Се работи за 16-годишен малолетник од
Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 09.10.2018 година околу 11,08 часот автобуска постојка кај ЕТУЦ
Михајло Пупин Маџари ул. Благоја Стефковски
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: едно 18 годишно лице
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: повеќе од 5 непознати сторители, 1 сторител 16 годишен затекнат на лице место.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
2. Разлика во етничкото потекло – во ова училиште учат деца од различна етничка структура, а
исто така и на автобуската постојка поминуваат автобуски линии кои поврзуваа населби со мешана
етничка структура;
1. Модел на претходни инциденти – конфликтни ситуации и судири помеѓу млади лица од различна
етничка припадност
2. Локација- инцидентот се случил на автобуска постојка пред средно училиште каде возат линиите
65, 55, 45

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека случајот е
евидентиран како прекршок по член 12 по ЗППЈРСМ доставено известување до ЈО
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
ЕТУЦ Михајло Пупин Маџари ,ул. Благоја Стефковски
Име на Локација
автобуска постојка пред средно училиште

Број на жртви
1
Број на сторители
5
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка на автобуска постојка кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“ image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност