Што се случило: Ученици од скопското средно училиште ГУЦ „Здравко Цветковски“ физички
нападнале двајца малолетници од истото училиште. Малолетниците се здобиле со повреди и
биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Датум, време и место на инцидентот: 14 октомври, 17:45 часот, ГУЦ „Здравко Цветковски“ Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум ТВ21мк.
Инволвирани жртви: Две малолетни лица.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од 3 ученици од ГУЦ „Здравко Цветковски“
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведеното училиште, можно е припадниците на двете групи да имаат различно
етничко потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против три лица.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР Скопје
до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава против три лица.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.