февруари 7, 2017

Тепачка меѓу средношколци од Скопје по турнир во фудбал (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени на спортски натпревари
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Непосредно по одржувањето на турнир во фудбал на ниво на средни училишта
од Скопје во средното училиште „Зеф Љуш Марку“, на последна автобуска постојка на Јавното
сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) бр.9, на учениците од СДУ Илинден им пришла група
од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во СДУ „Боро Петрушевски“, кои употребувајќи
најразлични предмети ги нападнале учениците од СДУ „Илинден“. Петмина од вкупно девет ученици
отишле кај директорот и го запознале со настанот, по што тој го пријавил инцидентот во ЕИК Скопје.
Учениците кои се стекнале со повреди, од кај директорот се упатиле кон ГОБ „Наум Охридски“ за
укажување на медицинска помош. Кај лицата Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни
повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди. Во дневниот
билтен на МВР е наведено дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Датум, време и место на инцидентот: 7 февруари, околу 15:30 часот, во близина на средното
училиште „Зеф Љуш Марку“.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерство за внатрешни работи, Електронски
медиум МКД.мк; Електронски медиум Точка.
Инволвирани жртви: 5 ученици од СДУ “Илинден“.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ), Тешка телесна повреда (Член 131, КЗ),
Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од 30-тина непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил непосредно
по одржувањето на спортски настан, пристрасниот мотив е етничко потекло, државјанство или
јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – поради мешаниот етнички состав на учениците
кои учат во наведените училишта, можно е припадниците на двете групи да имаат различно
етничко потекло;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на МВР на Барањето за информации од јавен
карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент беше истакнато дека во врска со кривично-
правниот настан од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје било поднесено писмено известување во
врска со кривичното дело „Насилство“ предвидено и казниво по членот 386 од КЗ. КУ.бр.1347/17.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Зеф Љуш Марку, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
Зеф Љуш Марку, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
5
Број на сторители
15
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка меѓу средношколци од Скопје по турнир во фудбал (потврдено) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност