Што се случило: На 19.04.2019 година во 23.47 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.А. (19) и М.З. (22),
двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 23.00 часот на ул.„4-ти Јули“ биле физички нападнати од
Д.К., Е.Л. и Е.С., сите од Скопје. Составени се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од ЗППЈРМ.
Датум, време и место на инцидентот: 19.04.2019 година околу 23.00 часот на ул.„4-ти јули“
Извор на информации: дневен билтен на МВР, opserver.mk
Инволвирани жртви: две (2) жртви
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: тројца (3) познати сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
2. Локација – ицидентот се случил во дел од градот каде живее мешано етничко население и каде често
се случуваат вакви инциденти
Статус на случајот: непознат
Одговор на локалните власти: Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.