Што се случило: Двајца непознати сторители нападнале двајца 16-годишни и едно 14-годишно
мом че на паркиралиште зад трговскиот центар Капитол. Жртвите успеале да побегнат, но се
раз двоиле. Сторителите го следеле и фатиле 14-годишното момче и повторно го нападнале.
Отка ко тоа успеало да побегне по вторпат, сторителите се вратиле во ТЦ Капитол и испукале
неколку куршуми во непознат правец. 14-годишното момче е однесено во болница каде му се
дијагностицирани телесни повреди.
Датум, време и место на инцидентот: 27 јануари, 2015 година, општина Аеродром, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Мкд.
Инволвирани жртви: Двајца 16-годишни и едно14-годишно момче од Скопје.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Загрозување на сигурноста“ (член 144, КЗ
на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Двајца непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Можна разлика во етничкото потекло помеѓу сторителите и жртвите – инцидентот се случил
во област населена претежно со Македонци. Сепак, медиумите јавуваат дека едно 16-годишно
момче е задржано во полициската станица Бит-пазар, која има надлежност врз област населена
претежно со Албанци;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека против двајца сторители се поднесени
кривични пријави за кривичните дела „Насилство“ и „Загрозување на сигурноста“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.