март 11, 2018

Тепачка во Аеродором

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 11.03.2018 година во периодот од 01,00 до 01,10 часот во Полициска станица
Аеродром К.С.(25), Д.Д.(25), М.М.(21) и Х.К.(19) сите од Скопје, пријавиле дека биле физички нападнати
од поголема група на лица на паркинг простор на улица „Фрањо Клуз“ и „Анастас Митрев“. Се работи
на целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 11 март, 01:00 часот, на паркинг во Аеродром.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи.
Инволвирани жртви: 4 лица жртви.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ).
Сторители: поголема група сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е етничка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Место – Инцидентот се случил во близина на Транспортниот центар во Скопје, каде и претходно
имало вакви и слични напади и каде што живеат и поминуваат луѓе од различни етнички заедници.
2. Модел на претходни инциденти – На овој инцидент му претходат инциденти од два дена претходно,
кога во поголеми тепачки се судрија групи од различна етничка припадност, а се следи од Законот
за употреба на јазиците.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивеме од МВР, овој инциден е заведен како
прекршок против јавен ред и мир чл. 12 ЗППЈРСМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата стабилност во
земјата.

Адреса
Аеродром, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
улица „Фрањо Клуз“ и „Анастас Митрев“

Број на жртви
4
Број на сторители
10
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тепачка во Аеродором image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност