Што се случило: На 19.10.2018 година околу 20,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било
пријавено дека на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал
на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф.
(18) од с.Долно Блаце и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од
с.Долно Блаце. Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а
А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“. По настанот, повеќе
жители од с.Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 19.10.2018 година на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во
автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: 4 жртви од кои 3 малолетни
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ)
Сторители: 4 непознати сторители, 1 сторител идентификуван со препознавање.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – во дел на градот живее население од различно етничко потекло, а
исто така и на автобуската постојка поминуваат автобуски линии кои поврзуваа населби со мешана
етничка структура;
2. Модел на претходни инциденти – конфликтни ситуации и судири помеѓу млади лица од различна
етничка припадност во автобуси и на автобуски постојки.
Локација- инцидентот се случил во автобуска линија бр. 81
Статус на случајот: Доставено известување до ОЈО, понатамошен статус непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор во Јануари 2019, дека во врска со овој
случај се преземени дејствија за пронаоѓање на сторителите и нивно идентификување, идентификувано
е едно лице и доставено известување до ЈО за понатамиошно делување.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.