Што се случило: На 02.09.2019 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП бр.57
на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, по претходна меѓусебна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со
физичка пресметка помеѓу Е.К. (31) и Б.Р. (30), двајцата од Скопје, од една страна и А.Е.(20) од Скопје од друга
страна. Составени се записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
Датум, време и место на инцидентот: 02.09.2019, 01.45 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, emagazin.mk; mkd.mk; 24info.mk netpress.com.mk; kurir.mk;
press24.mk; republika.mk
Инволвирани жртви: една (1) жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: двајца (2) сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност.
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти и каде што
живее мешано етничко население.
Статус на случајот: непознато
Одговор на локалните власти: сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во