Што се случило: Во автобус на ЈСП линиски број 65Б кој се движел во правец кон скопското
село Смилковци, додека 16-годишно малолетно лице од селото Црешево – Скопје заедно со
уште неколку лица седеле на вториот спрат на автобусот, на постојката пред бензинската пумпа
лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“ се качиле три непознати машки лица на возраст од
околу 16-17 години и седнале во близина на оштетениот. Во еден момент едно од лицата дошло
до оштетениот и физички го нападнал со тупаници и клоци, при што му се придружиле и другите
лица кои продолжиле да ги удираат, влечат и малтретираат оштетениот и уште едно лице. Еден
од сторителите кој држел нож во рацете, го доближил до вратот на едно женско лице. Во тој
момент оштетениот со намера да го оттргне сторителот го турнал, а потоа сторителите со ножеви
замавнувале кон него и неговиот пријател при што му нанеле расекотина на десната потколеница.
По кратко време откако се отвориле вратите на автобусот, сторителите побегнале.
Датум, време и место на инцидентот: 4 ноември, 12:15 часот, во автобус на ЈСП бр.65б.
Извор на информации: Дневен весник Дневник; дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: Едно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 131, КЗ), Загрозување на
сигурноста(Член 144, КЗ)
Сторители: Едно непознато лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – сторителот и жртвата се возеле во автобус
бр. 65 кој транзитира во област населена од луѓе со мешан етнички состав; во области со мешан
етнички состав, можно е етничката припадност на сторителот да е различна од онаа на жртвата
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на насилство
во автобус на ЈСП бр.65
3. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителот на извршеното нарушување на
јавниот ред и мир со физички напад по што ќе следува содветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.