мај 2, 2014

Скршено стаклото од вратата на подрачната кацеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Непознат сторител ја скршил стаклената врата на подрачната кацеларија на
ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Датум, време и место на инцидентот: 2 мај, 16:30 часот, ул. „Генерал Васко Карангелески“, Прилеп
Извор на информацијата: Националниот електронски медиум мкд.мк (mkd.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во
овој инцидент е политичката припадност и политичкото убедување, додека индикатори на
пристрасност во овој инцидент се:
1. Локација – целта е место од политичко значење за целната група.
2. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Случајот е расчистен.
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информација од јавен карактер,
на барањето пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека случајот
е расчистен, забележувајќи дека ова кривично дело резултирало со помала материјална штета,
па соодветно на тоа, потребна е приватна тужба за да се покрене судска постапка. Жртвата е
информирана за резултатите од истрагата. Сепак, нема одговор во врска со фактот што укажува
на можниот мотив за делото.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
политичката и безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во
општеството.

Адреса
ул. „Генерал Васко Карангелески“, Прилеп
Име на Локација
подрачна кацеларија на ВМРО-ДПМНЕ

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Скршено стаклото од вратата на подрачната кацеларија на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп (верифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот

Основа

Политичка припадност