мај 28, 2015

Сириски мигранти нападнати и ограбени близу Гевгелија (потврдено)

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: Пет Сиријци, откако нелегално ја преминале границата, биле нападнати од
седум или осум непознати сторители во селото Смоквица. Напаѓачите одзеле 1.000 евра и три
мобилни телефони од жртвите.

Датум, време и место на инцидентот: 28 мај, 01:30 часот, село Смоквица, Гевгелија.
Извор на информации: Електронски медиум Кајгана.
Инволвирани жртви: Пет Сиријци.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од 7 до 8 сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
седуммина осомничени за кривичното дело „Разбојништво“.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.

Адреса
село Смоквица, Гевгелија
Име на Локација
село Смоквица, Гевгелија

Број на жртви
5
Број на сторители
8
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Сириски мигранти нападнати и ограбени близу Гевгелија (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност