Што се случило: Сириец бил нападнат од две непознати лица кои му одзеле 1.600 евра. Тој е однесен
во болница каде му се дијагностицирани телесни повреди и задржан е на понатамошно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 17 март, 19:45 часот, Неготино.
Извор на информации: Електронски медиум Макфакс.
Инволвирани жртви: Еден Сириец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Телесна повреда“ (член 130, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од тројца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвите се разликуваат;
жртвите се припадници на група (сириски мигранти) која е убедливо помалубројна од припадници
на друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност.
Статус на случајот: Инцидентот е пријавен кај локалните власти.
Одговор на локалните власти: До моментот на пишување на овој извештај, МВР не одговори на
барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го испрати во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.