март 31, 2017

Симнато државното, поставено албанско знаме во Куманово (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Двајца тинејџери го симнале од јарболот големото државно знаме поставено кај
фонтаната пред поранешен Хотел „Кристал“ во Куманово, а на негово место поставиле албанско
знаме на половина копје. Според извори од МВР пренесени во медиумите, станува збор за две
млади лица кои веднаш биле приведени, во меѓувреме било повикано засилено полициско
обезбедување, а при обидот да го симнат знамето дошло до турканици и со полицијата при што
двајца службеници на СВР Куманово биле повредени. Според порталот „Кумановски муабети“, две
лица од албанска националност по потекло од село Слупчане го симнале македонското знаме и
се обиделе да го закачат албанското на јарболот во центарот на градот. Медиумот пренесува и
дека според очевидци на самото место имало уште најмалку четири лица, но останатите се дале
во бегство, по што две лица биле приведени, а на распит биле повикани и неколку сведоци.

Датум, време и место на инцидентот: 31 март, 16:00 часот, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети, електронски медиум Правдико.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Телесна повреда (Член 130, КЗ), Предизвикување омраза, раздор или
нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Четири лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Објект кој е цел во инцидентот – државното знаме е отстрането и на негово место е поставено
албанско знаме;

Статус на случајот: Поднесена кривична пријава против две лица од с. Слупчане и две други
непознати лица поради постоење основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело
„предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост” по член 319 од КЗ,
како и за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”
по член 383 став 1 од КЗ.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека постојат индиции кои
укажуваат дека инцидентот е сторен поради етничката припадност на инволвираните лица и дека
на 01.04.2017 година СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична
пријава против две лица од с. Слупчане уште две непознати лица поради постоење основано
сомнение дека пријавените сториле кривично дело „Предизвикување национална, расна и верска
омраза, раздор и нетрпеливост” по член 319 од КЗ , додека за прво и второпријавените исто така
и за сторено кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста” по
член 383 став 1 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Адреса
Куманово, Северна Македонија
Име на Локација
државно знаме поставено кај фонтаната пред поранешен Хотел „Кристал

Број на жртви
2
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го фатија сторителот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Симнато државното, поставено албанско знаме во Куманово (потврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција

Основа

Националност Етничка припадност