март 10, 2014

Свастики во Битола во текот на одбележувањето на депортацијата на Евреите (верифицирано)

Инцидент
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Расна или друга дискриминација

Што се случило: На утрото по овогодишната комеморација на депортирањето на македонските
Евреи во концентрациониот логор „Треблинка“, граѓаните забележале бројни графити со анти-
семитска, фашистичка и нацистичка содржина и симболи на различни локации во градот Битола.
Инциденти од овој вид се случуваат неколку години по ред.

Датум, време и место на инцидентот: 10 март, на различни локации во градот Битола.
Извор на информацијата: Националниот медиум Телма.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Расна и друга дискриминација Чл. 417 КЗРМ, Поттикнување омраза,
раздор и нетрпеливост по национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа.
(Чл.319).
Сторител(и): Непознати.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на непристрасност во овој
инцидент е верска припадност или убедување. Индикаторите на пристрасност во овој инцидент
се:
1. Перцепција на жртвата – Од изјавите дадени за медиумите, може лесно да се заклучи дека
индиректните жртви – еврејската заедница во Битола, го сметаат инцидентот за мотивиран од
пристрасност.
2. Симболи и графити – Сторителите оставиле графити и симболи со анти-семитска, фашистичка и
нацистичка содржина.
3. Претпоставена разлика по верска основа – Поради строго-определената природа на инцидентот,
може да се претпостави разлика помеѓу сторителите и жртвите.
4. Место и време – Инцидентот се случил на датум со верско значење.
5. Шема на претходни инциденти – Индиректните жртви изјавиле дека инциденти од овој вид се
случуваат речиси секоја година на овој датум.
6. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку медиумите полицијата изјави дека ќе ги преземат
соодветните мерки за расчистување на случајот, но до моментот на пишување на овој извештај,
Полицијата не одговорила на Барањето за информации од јавен карактер што беше пратено од
страна на Комитетот во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и верски заедници
во општеството.

Адреса
Битола, Северна Македонија
Име на Локација
Битола, Северна Македонија

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Уништување на симболи
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Свастики во Битола во текот на одбележувањето на депортацијата на Евреите (верифицирано) image

Кривични дела

Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против државата
Предизвикување национална, расна или верска омраза, раздор и нетолеранција
Против човештвото и меѓународното право
Расна или друга дискриминација

Основа

Раса