Што се случило: Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална
форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-
Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа
Facebook од страна на О.Ј. (40) од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело
по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и
предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена
кривична пријава.
На 28.01.2019 до ОЈО Битола поднесена е кривична пријава против О.Ј. (40) од Битола за сторено
кривично дело „загрозување на сигурноста“ од чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ. МВР го квалификува ова
кривично дело како кривично дело од омраза.
Датум, време и место на инцидентот: точно неопределен датум и време, преку социјална мрежа
Facebook.
Извор на информации: дневен билтен на МВР
Инволвирани жртви: неопределени
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 ст 4, КЗ на РСМ)
Сторители: еден (1) идентификуван сторител (О.Ј. 40).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – ширење на говор на омраза и повикување и поттикнување на насилство
преку социјални мрежи против различна етничка заедница.
2. Модел на претходни инциденти – повикување и ширење на етничка омраза и повикување на
насилство преку социјалните мрежи е се почест начин на извршување на дела од омраза.
Статус на случајот: Идентификуван сторител, поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Поднесена соодветна кривична пријава за наведеното кривично дело
(чл.144 Загрозување на сигурност). Кривичното дело е квалификувано како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.